Неверојатна сцена се случи на мечот меѓу Ночитаро и Кастелано во долните дивизии во Италија. Во 18 минута играчот на гостите Сабатели шутна и топката удри во надворешниот столб од противничкиот гол.
Додека фудбалерот на Кастелано се држеше за глава поради промашената шанса, главниот судија процени дека топката завршила во мрежата, па излегла надвор од теренот. Го призна голот и покрај протестите на домашните.
Интересно е што тој фантомски гол му донесе победа на Кастелано на мечот. Домашните поднесоа жалба веднаш по завршување на мечот, за да може средбата да биде преиграна и се очекува одлука од локалната федерација.