Првиот човек на фудбалскиот сојуз на Франција го навреди Зидан, Мбапе му одржа лекција!

501

Откако Франција беше поразена во финалето на Мундијалот од Аргентина, се очекуваше Дидие Дешамп да не остане селектор на оваа репрезентациј и на негово место да дојде Зинедин Зидан.

Но, работите се промени, Дешамп остана селектор, а Зидан остана без својата омилена работа.

Во меѓу време во една емисија гостуваше првиот човек на фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает беше прашан за евентуално преземање на Бразил од страна на Зидан и дека чека покана од својата земја. Неговиот одговор навистина беше жесток.

“Немам што да кажам, нека оди каде сака. Во клуб или во репрезентација, ни малку не ми е гајле. Дали се обиде да ми се јави? Секако дека не, не ни одговараше”, рече тој и го навлече гневот на јавноста.

Прво кој се јави беше најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе. Тој реши да му одговори на претседателот на својот Твитер профил.

„Зидан е Франција, ние не покажуваме такво непочитување кон нашите легенди“, напиша Мбапе.

ПретходноБарселона го победи Атлетико на „Метрополитано“ и му избега на Реал (видео)
СледноПовредата на Дурент им ја расипа 18-та победа на Нетси во последните 20 меча (ВИДЕО)