Пријателскиот меч меѓу Гуанакестеко и Либерија во Костарика се претвори во општа тепачка на теренот после половина час игра. Резулатот беше 2:1 за домашните, а по еден остар старт тргна тепачка и брканица на теренот. Тепање чиниш гледаш УФЦ групно тепање.
„Ова е срамота, проблемот е во играчите. Игравме пријателски меч, а ова не е прв пат да се случува вакво нешто“, изјави тренерот на Гуанакастеке, Јошимар Аријас.
Двајцата тренери се договориле да ги заменат проблематичните фудбалери и да го продолжат мечот. Крајниот резултат е 3:3.
Инаку овој пријателски меч бил организиран по повод 50 години од формирањето на домашниот тим.
Bruta TANGANA en el partido entre el Guanacasteca y Liberia en Costa Rica 🇨🇷. Se dieron de lo lindo.pic.twitter.com/UrHmlEI1mZ
— Nahuel Lanzón ⭐⭐⭐ (@nahuelzn) January 8, 2023