Челзи ќе се засилува со уште еден фудбалер. Овојпат во средниот ред, а станува збор за португалскиот репрезентативец Жоао Феликс. Според информации од Шпанија и од Англија, Челзи се договорил со Атлетико за позајмица на Феликс до крајот на сезоната за 11 милиони евра, вклучувајќи ја и платата.
Позајмицата нема обврска за откуп на договорот што значи дека Феликс ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ шест месеци и потоа се враќа во Мадрид, освен ако „сините“ не одлучат да почнат преговори со Атлетико за откуп на договорот.