Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Њукасл вечерва обезбедија полуфинале во Лига купот откако славеа со убедлив резултат на средбите со Чарлтон, односно Лестер. Манчестер Ј. го елиминираше Чарлтон со резултат 3:0, додека „страчките“ со 2:0 го победи Лестер.
Третолигашот Чарлтон добро се држеше во текот на целиот натпревар, а се обидуваше и да се закани од контранапади, но не успеа да приреди ново изненадување. Победата за тимот на Тен Хаг ја донесоа Ентони и Рашфорд, кој постигна два гола.
Њукасл, пак, со головите на Брн и Жоелингтон успеаја да дојдат до победа за пласман меѓу четирите најдобри.