Меѓународната скијачка федерација (ФИС) ги откажа трките во спуст и велеслалом од Светскиот куп во машка конкуренција, кои требаше да се одржат на 28 и 29 јануари во Гармиш-Партенкирхен, Германија. Причина за ваквата одлука е немањето снег и неповолните временски услови.
На 4 јануари скијачите успеаја да одржат слаломска трка во многу неповолни временски услови на патеката која се наоѓа веднаш до големата скокалница. Од ФИС се уште не соопштуваат дали и каде ќе се одржат откажаните трки.
Спустот и велеслаломот во Гармиш-Партенкирхен требаше да бидат последните трки од Светскиот куп во скијање пред овогодинешното Светско првенство во алпско првенство, кое ќе се одржи од 6 до 19 февруари во француските скијачки центри Куршевел и Мерибел.