Познат е “возниот ред“ во СЕХА: Е. Пелистер на стартот против Војводина, Вардар му гостува на Татран!

134

Челниците на СЕХА денеска го објавија распоредот на натпреварите од групата фаза за новата сезона. Новиот шампионат ќе започне на 25 јануари со мечот меѓу Војводина и Нексе.

Во групата – А, Е. Пелистер свој старт ќе го има на гости кај Војводина и тоа на јануари, додека Вардар првиот меч ќе го има исто на гости кај Татран.

Да потсетиме дека Веспрем и Загреб ја “прескокнаа“ оваа фаза. Па таа без разлика на пласманот сите осум екипи ќе се пласираат во 1/8 финалето.

РАСПОРЕД – А ГРУПА:

30.01.2023: Војводина – Е. Пелистер

02.02.2023: Нексе – Е. Пелистер

02.03.2023: Е. Пелистер – Војводина

14.03.2023: Е. Пелистер – Нексе

РАСПОРЕД – Б ГРУПА:

28.01.2023: Татран – Вардар

01.02.2023: Вардар – Партизан

10.02.2023: Вардар – Татран

28.02.2023: Партизан – Вардар

ПретходноВаленсија очајно го сака Димитријевиќ назад
СледноСлога Виница со уште две нови имиња