Ал Наср го „мами“ Бускетс со плата од 13 милиони евра

112

Саудискиот тим Ал Наср, кој ја ангажираше мегаѕвездата Кристијано Роналдо, сега тргнува по Серхио Бускетс од Барселона.

Договорот на играчот од средниот ред со Барса истекува следното лето и тој најверојатно ќе се раздели со клубот. Интерес за Бускетс има од американскиот Интер Мајами, но нема официјални преговори.

Според ESPN, Бускетс на почетокот сакал да го напушти каталонскиот гигант уште во јануари, но потоа решил да остане до крајот на сезоната. Ал Наср сака да го привлече 34-годишниот играч од средниот ред со тоа што ќе му понуди плата од 13 милиони евра годишно.

ПретходноЕвролига: Реал ја „растури“ Ц. Звезда во Белград
СледноНиколовски се врати во Брегалница