Барса го напушта “Камп Ноу“…ама привремено!

349

Од јуни 2023 па се до крајот на 2024 година, Барселона своите натпревари како домаќин нема да игра на “Камп Ноу“, туку на “Монжуик“ во главниот град на Каталонија.

Ова привремено напуштање на легендарниот “Камп Ноу“ е поради фактот дека најголемиот стадион во Европа ќе се реновира. Деновиве е одбрана компанијата која ќе ги врши тие градежни работи, па така “Камп Ноу“ ќе биде модернизиран, нешто слично како што тоа Реал Мадрид го направи со “Сантијаго Бернабеу“.

Секако дека во тој период свое влијание ќе имаат и приходите на клубот, ако се знае дека “Камп Ноу“ со својот капацитет од 95.000 места е многу поголем од “Монжуик“.

ПретходноПасторе продолжува во клуб од Катар
СледноАлер за првпат заигра по битката со канцерот (ВИДЕО)