Екипата на Брегалница веќе неколку дена како во домашни услови се подготвува за пролетната ПМФЛ етапа. Новиот тренер Горан Здравков уште од старт најави дека овие подготовки ќе бидат на највисоко можно ниво затоа што Брегалница во продолжението на шампионатот мора да покаже повисоко ниво во секој сегмент на фудбалската игра.
Токму затоа, во моментов се „билда“ кондиција, најтешкиот дел од подготовките, но едноставно така мора.
Во следните неколку дена Брегалница ќе доведе уште две до три нови засилувања со што ќе се пплнат испразнетите места во тимот.