Буфон и Парма го препотија Интер: Низ продолженија до четвртфинале (ВИДЕО)

211

Фудбалерите на Интер по друи 120 минути играа успеаја да ја совладаат Парма во осминафиналето од Купот на Италија. По 90 минути резултатот беше 1:1, а во 110. минута Ачерби погоди со глава за да му донесе пласман на Интер во четвртфиналето.

Станко Јуриќ постигна спектакуларен гол со кој ја донесе Парма во водство од 1:0 по првото полувреме, а очајниот Интер не упати ниту еден удар во рамката од голот на Буфон, кој и натаму урива рекорди со своите настапи. Вечерва голманот на „млекарите“ со скоро 45 години беше брилијантен на голот на гостите.

 

Лаутаро Мартинез во вториот дел обезбеди реми, а Ачерби ја донесе победата во продолженијата.

 

Во четвртфиналето „нероаѕурите“ ги чека Аталанта или Специја.

ПретходноМанчестер Ј. и Њукасл се пласираа во полуфиналето на Лига Купот (ВИДЕО)
СледноРФМ ги одреди премиите за првата фаза на СП, максималната изнесува 60.000 евра!