Валенсија очајно го сака Димитријевиќ назад

621

Кога ќе се направи грешка, добро е ако по извесно време истата се признае и се прават обиди да се поправи. Изминатата сезона, тимот на Валенсија со сега веќе поранешниот тренер, свесно се откажаа од услугите на Ненад Димитријевиќ оставајќи го со минимум минутажа, и јасен став дека не сметаат на него. Следуваше трансферот на нашиот кошаркарски репрезентативец во Уникс Казан, а таму буквална „експлозија“ на Нено.

Убедливо најдобар играч во клубот, убедливо најдобро одиграна сезона, и убедливо најдбра статистика. И не само тоа. Репрезенативните настапи се посебна приказна. Лидер каков што одамна сме немале.

Епа сето тоа тимот на Валенсија го следи со широко отворени очи. Спонтано му вели „извини Нено“ на нашиот репрезентативец и го бара назад уште зимава во Шпанија.

Информациите се дека Валенсија со сета сила ќе тргне во следните 24 часа да го врати Димитријевиќ. Причината за тоа е последниот рок за трансфери во Евролигата кој истекува утре во 18:00 часот.

Уште еден доказ дека добрите игри не можат да останат незабележани, но добро е што Валенсија си ја признава грешката и го бара Нено назад. Будно ќе ја следиме ситуацијата и ќе чекаме добри вести. Нено едноставно го зазлужи тоа.

Претходно„Лавот“ Адеми: Можам и сакам, уште ќе играм за Македонија!
СледноПознат е “возниот ред“ во СЕХА: Е. Пелистер на стартот против Војводина, Вардар му гостува на Татран!