Некоганиот член на РК Вардар, Велко Маркоски повторно е дел од „црвено – црниот“ табор.
Маркоски се обврза на соработка до крајот на сезоната во обид да му помогне на Вардар да ги оствари зацртаните цели. Секако, доколку обете страни бидат задоволни Маркоски може да остане и подолго односно да биде дел од Вардар и следната сезона.