Евролига: Реал ја „растури“ Ц. Звезда во Белград

152

Кошаркарите на Реал (М) ја декласираа Ц. Звезда во првиот денешен меч од 18. коло на Евролигата. Шпанците заслужено и убедливо славеа во салата „Александар Николиќ“ со 59:79 (16:25, 18:13, 17:19, 8: 22).

Фантастичниот Тавареш држеше се под негова контрола и заедно со Џанан Муса беа предводници на гостите до убедливата победа во Белград. „Црвено-белите“ без Лука Вилдоса кој се уште е повреден и Факундо Кампацо кој се уште не доби право за настап во Евролигата очигледно не можеше да очекува подобар резултат.

Тавареш со 17 поени, 12 скока, три асистенции и четири скока беше најдобриот поединец кај гостите, додека Муса постигна 19 поени. Кај Црвена звезда само шест играчи успеаја да се запишат во листата на стрелците, од кои Недовиќ постигна 18, а Петрушев 17.

ПретходноАлер за првпат заигра по битката со канцерот (ВИДЕО)
СледноАл Наср го „мами“ Бускетс со плата од 13 милиони евра