“Загрижен сум поради повредите на Митревски и Талески“

251

Факт е дека во нашиот тим има проблем со повредите, тука мислиме на Никола Митревски и Филип Талески. Тоа не го крие ни селекторот Кире Лазаров. Сите знаеме дека станува збор за двајца клучни играчи, и ако тие се рехабилитираат навреме секако дека тоа ќе биде голем плус за нашиот тим.

Не кријам дека малку сум загрижен за здравствената состојба на Митревски и Талески. Вчера тренираа за првпат со екипата, но не се 100% фит што се вели. Треба да бидеме внимателни како ќе ги дозираме силите, но верувам дека како ќе одминува времето дека ќе бидеме комплетни. Ние сме нација која не носи срцето и емоциите, а тоа ја троши репрезентацијата. Целиот наш стручен штаб и медицински тим ќе внимаваме да не преголема еуфорија при победите, ниту огромно разочарување по поразите“ посочи селекторот.

ПретходноСилвињо претставен како селектор на Албанија: Целта ни е пласман на ЕП 2024
СледноНикола Митревски: Имаме самодоверба, знаеме што сакаме!