Звезда договори напаѓач од Славија Прага, а го продаде Бен во кипарски клуб

575

Црвена Звезда ќе остане без најдобриот стрелец меѓу своите напаѓачи. Искусниот Ел Фарду Бен заминува во кипарскиот шампионат и тоа во редовите на трофејниот АПОЕЛ. Тој оди во клубот од Лимасол на барање на Владан Милојевиќ, тренерот кој го донесе Африканецот во Звезда, а сега тој е тренер на АПОЕЛ.
Ел Фарду Бен сезонава падна во втор план со оглед на тоа дека на лето му истекува договорот, Звезда нема да смета на голема отштета. Освен тоа Звезда веќе договори негова замена, па од наредната сезона во нападот ќе игра Питер Олаjинка кој доаѓа од Славија од Прага.
Нигериецот Олaјинка потпишал договор до лето 2026 година со можност за продолжување на соработката на уште една година. Тој ќе му се приклучи на белградскиот клуб од 1 јули 2023 година како слободен фудбалер.

ПретходноФановите одбраа: Нено е дефинитивно најдобриот играч на мечот со Парма
СледноДиего Симеоне го напушта Атлетико на крајот на сезоната