Играч го пријавил агентот, му нудел пари за да добие црвен картон

420

На фудбалерот на Волос Жан Бариентос му нуделе пари за намерно да добие црвен картон на натпревар против Олимпијакос. Човекот што му понудил пари бил негов агент. Бариентос тврди дека Јоргос Цурис му нудел 40.000 евра, тој ги одбил парите и одлучил јавно да раскаже што се случило. Тој требало да добие црвен картон на мечот, а се претпоставува дека луѓето кои го барале тоа од него вложиле големи пари во разни обложувалници.

Олимпијакос победил со 4:0, а Бариентос го одиграл целиот меч со тоа што во 81 минута добил жолт картон. Од Волос потврдиле дека Бариентос го пријавил случајот во полиција, но не дал никакви други информации.
ФС на Грција покренал своја истрага.

ПретходноЈокиќ со нов трипл-дабл ги „разби“ Лејкерси
СледноРепрезентативката Терзиевска ќе игра во унгарски клуб