„Лавот“ Адеми: Можам и сакам, уште ќе играм за Македонија!

213

Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб, еден од нашите најдобри фудбалери, за медиумите во Хрватска истакна дека има намера уште да игра за Македонија. Тоа значи дека нашата најдобра репрезентација за квалификациите за ЕВРО 2024 ќе може да смета и на својот клучен играч. Да потсетиме дека Адеми на последните циклуси беше повреден и не можеше да одговори на повиците на селекторот Милевски.

Иако имаше најави дека Адеми веќе нема да игра за репрезентацијата, сепак тој јавно се произнесе, што е супер вест за сите во нашиот национален тим:

Одлучив и натаму да играм за Македонија. Можам и сакам да играм. Имав разговор со селекторот, ми рече дека ме сака во репрезентацијата и јас ќе бидам таму. Видете, тешко ми е сега да се простам. Тоа е одлична група на луѓе, играме за својата земја, се пласиравме на ЕП, сакам уште еднаш тоа да го сториме. Иако групата во квалификациите е тешка, но нема од што да се грижиме. Италија веќе ја победивме, знаеме дека тие ќе бидат супер мотивирани против нас, но јас сметам дека можеме уште еднаш да дојдеме до голема победа“ рече покрај другото Адеми.

ПретходноШкендија потврди, Елези заминува во Грузија
СледноВаленсија очајно го сака Димитријевиќ назад