Најлошото помина: Хамлин е пуштен на домашно лекување

89

Играчот на Бафало Билс Дамар Хамлин ја напушти болницата една седмица откако колабрира за време на натпревар од НФЛ шампионатот против Синсинати Бенгалс. 24-годишниот играч претрпел срцев застој поради што му е укажана реанимација и експресно испратен во Универзитетскиот медицински центар во Синсинати.
Тој вчера се врати во својот дом во Бафало, а во домашни услови следува втората фаза од неговото лекување.
Мечот меѓу Синсинати и Бафало беше прекинат во првата третина, а официјалните лица соопштија дека нема да се доигра.
ФОТО: Twitter/NFL

ПретходноРепрезентативката Терзиевска ќе игра во унгарски клуб
СледноФановите одбраа: Нено е дефинитивно најдобриот играч на мечот со Парма