Никола Митревски: Имаме самодоверба, знаеме што сакаме!

154

Нашиот најдобар голман Никола Митревски на денешниот прес пред патувањето во Краков вели дека тимот е тактички и физички добро подготвен и вети сто настотна посветеност на секоја меч.

Инаку да потсетиме дека Македонија на СП првиот меч ќе го игра против Норвешка в петок.

Мислам дека одработивме одлични подготовки. Сега дојде време да се подготвуваме за дуелите со Норвешка, Холандија и Аргентина. Македонија нема никого да потцени, но ниту да прецени. Имаме самодоверба, знаеме што сакаме, тактички и физички сме одлично подготвени. Желбата кај сите нас е да се претставиме во што подобро светло, да го дадеме послдениот атом на секој натпревар. Посакуваме да забележиме барем една победа во групата во Краков и да обезбедиме пласман понатаму“ констатираше Митревски.

Претходно“Загрижен сум поради повредите на Митревски и Талески“
СледноФилип Талески: Сега Македонија е модерна репрезентација, играме брзо, постигнуваме многу голови!