Николовски се врати во Брегалница

797

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Анџело Николовски повторно се врати во Брегалница.

21-годишниот Николовски, кој игра на крилните дефанзивни позиции, изминатава есен ја мина во редовите на Гостивар, за да сега повторно се врати во својата Брегалница за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Николовски, кој потекнува токму од фудбалската школа на штипските „сини“, претходно во кариерата има настапи и за Кит Го Пехчево. Ги има минато сите јуниорски репрезентации на Македонија, а настапуваше и за националната селекција до 21 година.

ПретходноАл Наср го „мами“ Бускетс со плата од 13 милиони евра
СледноНема снег: Откажани финалните трки од Светскиот куп во Гармиш