Пасторе продолжува во клуб од Катар

156

Поранешниот аргентински репрезентативец Хавиер Пасторе ја продолжува кариерата надвор од Европа, поточно во Азија. Играчот од средниот ред го „раскина“ договорот со Елче кој беше валиден до јуни 2023 година и му се приклучи на Катар Спорт клуб кој се натпреварува во катарскиот фудбалски шампионат.

Клубот од Катар веќе го најави новото засилување, 33-годишниот фудбалер кој претходно ги бранеше боите на Рома, на Палермо и на Пари Сен Жермен.
Пасторе доаѓа во клубот за кој некогаш играа Клаудио Каниџа, Џеј-Џеј Окоча и Самуел Ето. Катар СЦ е трикратен шампион на Катар, но последната титула им е од 2003 година.

ПретходноВаучер – системот по старо, 10 милиони евра помош за спортот во Македонија!
СледноБарса го напушта “Камп Ноу“…ама привремено!