Полјаците му го понудиле селекторското место на Стиви Џи

269

Стивен Џерард добил повик од Полската фудбалска федерација со предлог да ја преземе селекторската позиција на полската фудбалска репрезентација.

Полјаците се без селектор од почетокот на јануари, откако претседателот на федерацијата Кулеша реши да не го продолжи договорот со Чеслав Михњевич. Иако сензационалниот телефонски повик од Кулеша до легендата на Ливерпул први го пренесоа полските медиуми, темата брзо се прошири низ светот.

42-годишниот фудбалер размислува дали да ја прифати понудата и можеби е подготвен да работи како селектор, но неговиот актуелен договор со Астон Вила може да биде голема пречка. Џерард моментално зема платаод Вила по неговото отпуштање според неговиот договор, кој сè уште е обврска на клубот од каде замина. Неговата плата е 5 милиони фунти годишно, што е малку веројатно дека Полјаците ќе може да му го обезбедат како селекторска плата.

ПретходноВлхова ја спречи Шифрин да го урне апсолутниот рекорд на Вон
СледноМанчестер Ј. го договори Вегхорст, сега се е во рацете на Бешикташ