Репрезентативката Терзиевска ќе игра во унгарски клуб

139

Македонската одбојкарска репрезентативка Теа Терзиевска има нов клуб во странство. Таа се договори за трансфер во Унгарија и ќе ги брани боите на Дебрецин. Доаѓа од Ѓунсевен од Турција. Турскиот клуб и Терзиевска обострано го раскинаа договорот, па македонската одбојкарка доби слобода да потпише за унгарскиот клуб.
Таа е поранешна одбојкарка на Форца Скопје, ОК Зрењанин, ОК Марина Каштела (Хрватска) и Клопенбург (Германија).
Таа играше за македонскиот национален тим на Медитеранските игри во Оран (Алжир) летото 2022 година.

ПретходноИграч го пријавил агентот, му нудел пари за да добие црвен картон
СледноНајлошото помина: Хамлин е пуштен на домашно лекување