Силвињо претставен како селектор на Албанија: Целта ни е пласман на ЕП 2024

121

Силвио Мендеш де Кампос Џуниор, попознат како Силвињо е претставен како нов селектор на Албанија. Тој стави потпис на договор до 2024 година, а на прес-конференцијата посочи дека целта е националниот тим на Албанија да се пласира на ЕП 2024 година во Германија.

Ова е трет тренерски ангажман на Силвињо, поранешниот играч на Милан, откако седеше на клупата на Лион во 2019 година и на Коринтијанс во сезоната 2021/22.

Јас и моите соработници дојдовме да донесеме позитивни резултати. Да направиме проект кој ќе биде успешен, да го насочиме националниот тим на вистинска патека. Првиот човек на ФФ на Албанија ме убеди да ја прифатам работата. Јас сум задоволен од условите и верувам дека ќе направиме добра работа.
Фудбалот треба да биде во душата, во срцата на фудбалерите и на навивачите и на сите што се занимаваат со овој спорт. Потоа следуваат шемите и модулите за работа. СП во Катар ни испрати порака дека фудбалот е жртвување, пот и тешка работа. Групата за ЕП 2024 е многу избалансирана (Полска, Чешка, Ф.Острови и Молдавија). Нема да биде лесно, меѓутоа ќе се бориме за целта. Нашата цел е пласман на ЕП 2024“, изјави Силвињо.

На прашањето дали смета дека работата како селектор на Албанија е голем ризик тој одговори:
Секоја работа е ризик. Не можеш да кажеш дали е добра или не. Никогаш не знаеш додека не пробаш. Важно е тренерот да има визија и јасен проект. На последното СП, Аргентина ја освои титулата со нов и талентиран тренер“.

ПретходноКирил Лазаров: Имаме свој идентитет, верувам дека Македонија ќе стане Норвешка!
Следно“Загрижен сум поради повредите на Митревски и Талески“