Покрај селекторот Кире Лазаров и голманот Никола Митревски, на денешниот прес своите очекувања во пресрет на стартот на СП во Полска и Шведска, пред новинарите ги изнесе и Филип Талески. Тој е нашиот “бомбардер“ и од него се оечкуваат многу голови, се разбира ако успее во наредните денови да се рехабилитира доволно како што кажа и селекторот.
“Имаме тешка група, но исто така нема да се предадеме пред никого. Ги знаеме нашите ривали, добро ги анализиравме. Познато е дека стартот играме со Норвешка која е фаворит за златото, но тоа не треба да не плаши. Секоја селекција си има свој квалитет, со секого е најтешко. Наше е да ги слушаме советите на селекторот, верувам дека имаме добра иднина. Станавме модерна репрезентација со многу трчање и постигнати голови. Треба да се фокусираме на одбраната и од тоа да има нови голови од транзиција, а тоа и младоста ни го дозволува. Зошто ние да не бидеме изненадување на едно големо натпреварување, како што некои други репрезентации биле во минатото“изјави Талески.