На само 24 часа пред стартот на СП во Полска и Шведска, непријатни и шокантни вести во репрезентацијата на Данска, еден од најголемите фаворити за златото.
Имено Мадс Менсах Ларсен кој важи за еден од клучните играчи во репрезентацијата на Данска е позитивен на коронавирусот.
“Секако дека за мене ова е фрустрирачки кога не знам дали ќе можам да играм на стартот на СП. Посебно кога во нашата земја короната сега не се смета за критична болест. Јас се чувствувам здраво, немам никакви проблеми“ изјави Ларсен.
Познато е дека, според правилата на ИХФ, секој ракометар или тренер кој ќе настапи на СП мора да има негативен тест на Ковид-19 и тоа со важност од 72 часа. Тие што ќе се заразат ќе мора да бидат во петддневна изолација и ќе можат да им се придружат на своите репрезентации само кога по тие пет дена ќе покажат со нов тест дека се негативни.