Јокиќ со нов трипл-дабл ги „разби“ Лејкерси

162

Денвер Нагетс повторно ги совладаа ЛА Лејкерси на крилата на Никола Јокиќ кој заврши со трипл-дабл и без промашување од игра. Српскиот центар имаше 14 поени, 11 скокови и дури 16 асистенции, а шут од игра 5/5.

Тој фантастично ги проигруваше соиграчите, а најмногу Џамал Мареј кој стигна до 34 поени. Се истакнаа и Кевин Колдвел Поуп со 16 како и Брус Браун со 15 поени. На другата страна ги немаше Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, па Расел Весбрук постигна 25 поени, додека Томас Брајант впиша дабл-дабл со 17 поени и 10 скокови.
Денвер остана на чело на Западната конференција и со Мемфис до крајот ќе води битка за тоа место. Лејкерс се бори за влез во плеј-офот.

Њу Орлеанс Пеликанс го совладаа Вашингтон со 132:112, а победничкиот тим го предводеше Си Џеј Мекалум со 34 поени, додека Валачијунас имаше 27.
Бостон со одличната игра на Џејмсон Тејтум кој уфрли 32 поени ги победи Чикаго Булс. Зек Левин беше најефикасен во поразениот тим со 27 поени.

РЕЗУЛТАТИ, 10 ЈАНУАРИ
ВАШИНГТОН – ЊУ ОРЛЕАНС 112:132
БОСТОН – ЧИКАГО 107:99
ЊУЈОРК – МИЛВОКИ 107:111
МЕМФИС – САН АНТОНИО 121:113
ДЕНВЕР – ЛА ЛЕЈКЕРС 122:109
САКРАМЕНТО – ОРЛАНДО 136:111

ПретходноВијас-Боаш вмешан во скандал, полицијата пронашла дрога и покренала истрага
СледноИграч го пријавил агентот, му нудел пари за да добие црвен картон