Англиската полиција ќе им влегува во домовите на оние кои што гледаат ПЛ преку стримови!

230

Се со цел да и се стави крај на пиратеријата, полицијата во Англија од следната недела ќе им упаѓа по домовите на оние лица кои ќе гледаат Премиерлига преку  стримови. Како што пишуваат медиумите во таа земја, нема никого да апси, туку само ќе ги “замоли“ веќе тоа да не го прават.

Имено сите оние што ги следат мачевите преку разни стримови ќе бидат предупредени тоа да го прават во иднина, во спротивно ќе се соочат со казни.

Ова се прави со цел да се стави крај на ваквите криминални дејанија на одредени организации.

Познато е дека во Англија регуларно ПЛ може да се гледа преку Скај Спортс и БТ Спорт. Скај годишно емитира 128 мечеви и за нив треба да се плати 46 евра месечна претплата, што и не е мала сума без разлика на стандардот.

ПретходноСлога Виница со уште две нови имиња
СледноЕден од најголемите таленти во Јужна Америка потпиша за Саутемптон