Вијас-Боаш вмешан во скандал, полицијата пронашла дрога и покренала истрага

280

Португалскиот тренер Андре Вијас-Боаш е вмешан во скандал со дрога, а полицијата веќе покрена истрага во врска со тоа. Ковертот во кој имало хашиш бил испратен од Португалија во Бразил и на неа пишувало три адреси на испраќачи. Едната од нив била адресата на португалскиот тренер.

Полицијата верува дека Вијас-Боаш не е дел од ова и дека тој не се занимава со транспорт на дрога туку дека некој му мести скандал. Причината е од политичка природа. Андре во едно интервју изјавил дека сака да биде градоначалник на Порто, градот во кој е роден и дека за тоа место би се кандидирал во 2024 година.

Тренерската кариера Боаш ја започнал во Академика и во Порто, потоа беше тренер на Челзи и Тотенхем, па на Зенит. После две години во рускиот клуб стана тренер на Шангај СИПГ, а во 2019 година се врати во Европа и потпиша за Марсеј. Сега е слободен агент и веројатно цели на политичката сцена…

ПретходноЃоковиќ: Да бев фудбалер ќе играв за Звезда и со Ибрахимовиќ
СледноЈокиќ со нов трипл-дабл ги „разби“ Лејкерси