Не секогаш се погодува во засилувањата во зимскиот преоден рок. Мало е времето за анализа и ангажман на играч, па често клубовите прават грешки во проценките и купувањето на нови фудбалери. Многу очекувања, а на крајот разочарување. Еве ги десетте најлоши зимски трансфери во Ла Лига според шпански „АС“ (извор АС).
1. ЖУЛИЕН ФОБЕР (РЕАЛ МАДРИД)
Веројатно најголемото фијаско во историјата на зимскиот преоден рок во Ла Лига. Реал во потрага по десно крило кое може да игра во ЛШ го побара Енер Валенсија. Откако сфати дека нема да може да го потпише Еквадорецот во последните минути го донесе Фобер. Вистински шок и изненадување за навивачите на кралскиот клуб. Дури и самиот Фобер изјави дека мислел дека соиграчите се шегуваат со него кога му рекле дека ќе оди во Реал Мадрид. Французинот одигра само 78 минути, а се уште низ главите на навивачите кружи фотографијата од неговото спиење на клупата за време на натпревар.
2.АМУНИКЕ (БАРСЕЛОНА)
Дојде во Барселона во зимскиот преоден рок во сезоната 1996/97. Во три сезони одигра едвај 20 натпревари и стана личност за потсмев и шеги.
3.ЕЛЕР (АТЛЕТИКО МАДРИД)
Бразилскиот централен бек потпиша за Атлетико во јануари 2007 година за 1,5 милион евра и го напушти клубот летото 2008 година како најкритикуваниот фудбалер од фановите.
4.АНТОНИО КАСАНО (РЕАЛ МАДРИД)
Реал и плати на Рома 5,5 милиони евра за контроверзниот напаѓач Касано. Тој дебитираше дебитираше со гол против Бетис меѓутоа понатаму не се прослави. Одигра вкупно 29 натпревари и постигна четири гола. Беше транспортиран во Сампдорија.
5.МАРТИН ПАЛЕРМО
Потписот со Мартин Палермо беше најголемото достигнување на Виљареал до тој момент од клупската историја. Тој беше првиот голем трансфер на Фернандо Роиг кој ја убеди ѕвездата на Бока да дојде во Шпанија.
Тој немаше лоши бројки во првите месеци (постигна шест гола), меѓутоа никогаш не ги оправда очекувањата. Во 2003 година заврши во Бетис, а една година подоцна во Алавес.
6.МИРОСЛАВ СТЕВАНОВИЌ (СЕВИЉА)
Севиља го потпиша талентираниот српски фудбалер во 2013 година за 1,5 милиони евра од Војводина. Тој не ја оправда довербата. Одигра седум натпревари и беше позајмен, прво во Елче, потоа во Ла Коруња, а потоа му беше раскинат договорот.
Играше за Ѓер, Ерготелис, Железничар, а сега во Сервет од Швајцарија.
7. ВИНСТОН БОГАРД (БАРСЕЛОНА)
Ван Гал го „спаси“ од Милан во средината на сезоната 1997/98. Дефанзивецот беше член на Ајакс кој ја освои ЛШ во 1995 година под раководство на Ван Гал. Но во три сезони за Барса одигра 54 меча и имаше катастрофални настапи. Веројатно негов крај на кариерата во Барса беше мечот во Шведска во ЛШ кога Ван Гал го замени уште во 20. минута поради катастрофални грешки.
8. СТИПЕ ПЛЕТИКОСА (ЛА КОРУЊА)
Депортиво побара нов голман по повредата на Фабрицио. Хрватот дојде во Депортиво на 37 години и потпиша шестмесечен договор. Одигра само два меча и прими шест гола. Се пензионираше летоска.
9. ЕЛИАС МЕНДЕС (АТЛЕТИКО МАДРИД)
Атлетико го купи за 7 милиони евра. Во две сезони одигра само 18 натпревари. Барем Атлетико ќари нешто од него, го продаде на Спортинг за 8,5 милиони евра.
10. МАКСИ ЛОПЕЗ (БАРСЕЛОНА)
Барса и плати на Ривер 6 милиони евра за Макси Лопез во зимскиот преоден рок во 2004/05. Помина една и пол сезона во Барселона и замина во Мајорка. Неговиот ефект во Барса беше два гола во 19 меча, далеку под очекувањата.
11-12-13. СИСИЊО, ЛУКАС СИЛВА И СОРИН
Сисињо дојде во Реал во декември 2005 година од Сао Пауло за 8 милиони. До крајот на сезоната одигра 24 меча. Следната сезона беше повреден и во втор план кај Капело. Потоа замина во Рома за 9 милиони евра.
Лукас Силва во Реал дојде во јануари 2015 година од Крузеиро за 13 милиони евра. Поради здравствени проблеми не достигна врвно ниво. Откако ги надмина проблемите заврши на позајмици во Марсеј, па во Крузеиро. Сега е во Гремио.
Хуан Пабло Сорин потпиша за Барселона во 2003 година како позајмен од Крузеиро. Дебитираше на 9 февруари, а на крајот на сезоната му беше вратен на бразилскиот клуб. Од таму отиде на позајмица во ПСЖ.