Поранешниот аргентински репрезентативец Хавиер Пасторе ја продолжува кариерата надвор од Европа, поточно во Азија. Играчот од средниот ред го „раскина“ договорот со Елче кој беше валиден до јуни 2023 година и му се приклучи на Катар Спорт клуб кој се натпреварува во катарскиот фудбалски шампионат.
Клубот од Катар веќе го најави новото засилување, 33-годишниот фудбалер кој претходно ги бранеше боите на Рома, на Палермо и на Пари Сен Жермен.
Пасторе доаѓа во клубот за кој некогаш играа Клаудио Каниџа, Џеј-Џеј Окоча и Самуел Ето. Катар СЦ е трикратен шампион на Катар, но последната титула им е од 2003 година.
Javier Pastore es nuevo futbolista del Qatar SC, dónde por ejemplo jugaron Claudio Paul Caniggia, Jay-Jay Okocha y Samuel Eto’o. 🇶🇦⚽ pic.twitter.com/gpflVEc7OV
— Fodboldworld (@fodboldword) January 7, 2023