Македонската одбојкарска репрезентативка Теа Терзиевска има нов клуб во странство. Таа се договори за трансфер во Унгарија и ќе ги брани боите на Дебрецин. Доаѓа од Ѓунсевен од Турција. Турскиот клуб и Терзиевска обострано го раскинаа договорот, па македонската одбојкарка доби слобода да потпише за унгарскиот клуб.
Таа е поранешна одбојкарка на Форца Скопје, ОК Зрењанин, ОК Марина Каштела (Хрватска) и Клопенбург (Германија).
Таа играше за македонскиот национален тим на Медитеранските игри во Оран (Алжир) летото 2022 година.