Екипата на Слога Виница за следната полусезона ќе биде посилна за уште две нвои имиња. Од тимот на Осогово пристигнуваат Дарко Дојчинов односно Драган Паунов. Заедно со Борче Ужевски тие ќе бидат новитетите за следниот период, а управата најавува уште неколку нови фудбалери.
Слога Виница најавува дека во следниот период планира да биде стабилен второлигаш, кој нема секој преоден рок да се прашува што и како понатаму туку дека плански ќе работи за доброто на фудбалот во Виница.