Младинскиот репрезенаитвец на Македонија и досегашен член на Црвена Звезда односно на нејзината филијала Графичар, Стефан Деспотовски за прв пат во својата кариера ќе заигра во домашниот шампионат. Тој е пред пристигнување во таборот на Работнички, тим кој е познат по промовирањето на млади наши репрезентативци и овозможување на нивна првлигашка минутажа.
Таков е планот и на стоперот односно десниот бек, кој пристигнува во Дебар Маало како засилување за двете позиции. Тренерот Милан Илиевски сериозно смета на Деспотовски на двете позиции, а самиот играч е еден од клучните наши репрезентативци за следната У21 генерација па овој негов потег и доаѓањето во Работнички се смета за одличен и во вистинска насока.