Она што беше најавувано неколку дена, од таборот на Шкендија денеска доби официјализација. Дашмир Елези заминува во Грузија, односно прави трансфер во тимот на Торпедо Кутаиси.
Спред самиот клуб, Елези инсистирал на трансфер зимава и истиот е реализиран во најкус можен рок.
Тој е еден од најмладите дебитанти во историјата на мак фудбалот, со 16. години. Член е на повеќе македонски младински репрезентации.