Ѓоковиќ: Да бев фудбалер ќе играв за Звезда и со Ибрахимовиќ

494

„Ако не бев тенисер, ќе играв фудбал“ – така српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ зборува за себе. Тој во Аделаида го освои трофејот што е негов 92. во кариерата, а сега ќе атакува на титулата на АО во Мелбурн.

Ѓоковиќ гостуваше на фудбалскиот портал “433“ и откри дека доколку не бил тенисер ќе бил фудбалер.
За кој клуб би играл. Па за Црвена Звезда, клубот од мојот роден град или за Милан. Веројатно би бил лево крило.Јас сум левоног и би пробувал да им асистирам на соиграчите во казнениот простор“.

На прашањето колку црвени картони би добил?
За симулирање или за стартови? Не знам, ајде да кажеме 33. Зошто да не бидам агресивен?“, рече Новак.

Со кој играч би играл?
Златан Ибрахимовиќ е мој пријател, покрај него Кристијано Роналдо, Лео Меси… Од постарите Габриел Батистута“.

Број на голови?
Најмногу што може, 111 голови“.

А автоголови?
Еден. Ако би постигнал повеќе би престанал да играм фудбал“.

За крај кој трофеј би сакал да го освоиш?
Светско првенство со Србија“, заклучи Ноле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 433 (@433)

ПретходноСе испотепаа на пријателски меч – ќотек како да се најголеми душмани (видео)
СледноВијас-Боаш вмешан во скандал, полицијата пронашла дрога и покренала истрага