Детонит ги стартуваа подготовките со двајца нови фудбалери

467

Со новиот стратег Иван Варадиновски екипата на Детонит Плачковица ги почна подготовките за вториот дел од сезоната во Втората македонска лига. Клубот ги претстави и двајцата нови играчи, а тоа се Алпај Јусуф и Богдан Велиновски и најави дека помотивирани и посилни ќе се борат за влез во Првата лига.

Пред нас се подготовките за пролетниот дел од сезоната, како и неколку пријателски натпревари и очекуваме дека со силна сплотеност и упорност ќе имаме нови заеднички радости. Спортски поздрав“, напиша претседателот на клубот, Јовица Трајчев.

 

ПретходноMРК Куманово се засили со црногорски ракометар
СледноMeнаџерскиот тим го откупи договорот, па Јигитоглу се врати во Турција