Црвена Звезда оваа зима доведе тројца фудбалери, но тоа нема да биде крај на преодниот рок. По потписите на Урош Спајиќ, Лазар Николиќ и Питер Олајинка српскиот шампион во финишот на преодниот рок планира да ги донесе Марко Стамениќ од Копенхаген и Џошуа Бренет од Твенте.
Стамениќ е репрезентативец на Нов Зеланд, тој не сака да го продолжи договорот со данскиот клуб па се поизвесно е дека ќе се пресели во Белград. Toj има 20 години и е играч од средниот ред во кариерата играл за Вестерн Субурбс и Велингтон во Австралија. За Нов Зеланд има 11 настапи.
Бренет е 28-годишен лев бек, клубот не сака да се откаже од него. Тој е од Курасао, а има два настапи за Холандија, па доколку Звезда не успее да го донесе оваа зима ќе „нападне“ на лето. Бренет во кариерата играл за ПСВ, Хофенхајм и Витесе.
Во меѓувреме спортскиот директор на Звезда, Звездан Терзиќ откри дека пред заминувањето на екипата во Турција биле одбиени неколку понуди, меѓу кои и убава од Крила Совјетов за Кингс Кангва.