Покетино е подготвен да седне на клупата на Челзи!

178

Иако важи за еден од најдобрите тренери во Англија, сепак Греам Потер со Челзи едноставно не е тоа тоа. Клубот кој пред две години беше европски првак сега е далеку од тоа што треба да биде, а тоа фановите на „сините“ од Лондон посебно ги боли.

Токму затоа во последните денови се појавија “приказни“ дека Челзи би можел да му врачи отказ на Потер и да го ангажира Маурицио Покетино, екс стратегот на Тотенхем, на ПСЖ.

Како што се шпекулира раководството на Челзи му доставило ултиматум на Потер до крајот на овој месец драстично да ги поправи резултатите, во спротивно ќе добие отказ.

Покетино, барем според најавите, во секој момент бил спремен да седнена клупата на Челзи, се разбира само ако тоа од него се побара од страна на “сините“. Тој нема да има никаков проблем да се адаптира во Лондон, посебно ако се знае дека беше долги години во Тотенхем и дека има куќа во Лондон каде го минува поголемиот дел од своето слободно време.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Жоао Феликс е нов фудбалер на Челзи
СледноФранцускиот фудбал остана без претедател: Ле Грае поднесе оставка