Фудбалер ја доби Барса на суд – ќе си добие отштета од 8,5 милиони евра

340

Во последниот ден од зимскиот преоден рок во 2020 година Барселона го купи Матеус Фернандес од Палмеирас за 10 милиони евра (вклучувајќи и бонуси). Тој потпиша петгодишен договор меѓутоа по 18 месеци договорот му беше прекинат и тоа еднострано.

Не знаев дека ова ќе се случи и кога го добив известувањето преку е-пошта не верував во тоа. Непосредно пред ова, еден од вработените во клубот ме праша дали ми е сменета адресата на пошта, а потоа го добив ова писмо.

Не разбрав што е, го пренасочив на агент и адвокат. Тие рекоа дека тоа е известување за раскинување на договорот. По некое време, сè се појави во печатот. Но, никој од клубот не зборуваше со мене, немаше ништо. Ни на телефон не ми кажаа збогум.

Не знам што се случува во Барселона, работите добија многу чуден тек. Еден тип беше избркан преку телефон, сега јас по е-пошта. Како разговорот да не вреди ништо. Дојдете кажете ми во очи дека не сметаме на тебе. Во секоја професија тоа е можно, но мора да се разговара. Мислам дека ова е многу непрофесионален пристап“, – вака Матеус го опиша процесот на раскинување.

Матеус сега има 24 години и се пресели во Ред Бул Брагантино, неговиот трет клуб по Барселона.

А сега на Барса и е наложено да му плати 8,5 милиони евра за предвремен раскин на договорот. Иако самиот играч бараше речиси 15 милиони, оваа сума на отштета сигурно ќе му одговара.

Матеус се уште не може да си објасни што се случи во Барса. На теренот мина само 17 минути – против Динамо Киев во Лигата на шампионите (4:0).

Уште од детството имав сон да играм во Барселона. Но, кога стигнав таму, не ме третираа како спортист. Зборував со директорот, кој не ме сметаше за професионален играч на Барса. Без разлика дали сум освоил многу или малку, во зависност од некои други фактори, јас сум играч на Барселона. Не барам ништо, не кажувам дали да ме стават во составот или не, зависи од тренерот и другите играчи. Но, јас сакам да ме третираат исто како и сите други“.

 

Но, неговиот главен непријател беше Роналд Куман – односите со него не функционираа.
Не знам што се случува во главата на еден тренер. Мислам дека би можеле да разговараме почесто. Уште пред почетокот на тренинзите им кажа на помошниците дека не смета на мене, дека можам да заминам. И само си помислив: „Како можеш да го кажеш тоа кога сè уште не ме познаваш како личност или како играч? Можеби прво треба да погледнете?

Еден ден отидов кај него, сакав да разговараме. Куман рече дека не смета на мене, дека би можел да заминам на доколку најдам добар клуб. Не најдов тим бидејќи се уште сум млад и штотуку се преселив во Барса. Го замолив да ми даде неколку минути, но тој никогаш не ме пушти во Ла Лига. Беше многу чудно.

Еден месец по натпреварот со Динамо Киев, повторно отидов кај него и му реков: „Тренеру, зошто не добивам минути? Дали играв лошо? Тој одговори: „Не, играше добро, но не можам да ти дадам минутажа бидејќи не сметам на тебе. Немаш квалитет да играш за Барса. Му реков дека ако не ме пушти да излезам на теренот, никогаш нема да види за што сум способен. Реков дека менаџерите ме потпишаа затоа што видоа одредени квалитети во мене. Мислам дека тука имаше нешто друго“, додаде Матеус.

Тоа беше последното засилување за клубот во ерата на Жозеп Бартомеу.

ПретходноРаботнички почна со подготовки и претстави три нови имиња
СледноГо купија пред 2,5 години, дури вчера дебитираше за Јунајтед, Тен Хаг воодушевен од него