И официјално Дашмир Елези во наредните три години ќе биде дел од Торпедо Кутаиси, еден од најдобрите клубови во Грузија.Овој трансфер пред неколку дена беше потврден и од Шкендија, тимот во кој младиот напаѓач себе и си се промовира како огромен потенцијал за мак – фудбалот.
Грузијците вчера се пофалија со Дашмир, му посакаа многи успешни настапи и секако мноу голови за нивниот тим.
Инаку да потсетиме дека Дашмир Елези е рекордер во историјата на ПМФЛ.Тој на само 16 години и еден ден имаше свое деби за Шкендија во нашата елитна лига, и на тоа деби постигна и гол.