Охридскиот второлигаш Воска Спорт се засили со искусниот голман Хадис Велии кој доаѓа од екипата на Беса Добридол, каде ги помина последните шест месеци. Се работи за голман кој има големо искуство, бранеше за Шкендија и Ренова, а настапуваше и за Гостивар и Влазерими од Кичево.
Тој има 111 настапи во Првата лига, а со Ренова играше и на три натпревари во Лига Европа.