Фантастична атмосфера направија навивачите на шведскиот клуб АИК од Стокхолм на првиот тренинг на екипата во новата година. Фудбалерите излегоа на теренот, а навивачите им приредија невиден дочек со запалени факели, огномет и песни – атмосфера како да освоиле шампионска титула.
Инаку во Шведска, екипата на Хакен ја освои шампионската титула уште во ноември. Новата сезона во најсилната фудбалска лига на Шведска почнува на 1 април и ќе трае до ноември 2023 година.
АИК е 12-кратен шампион на Шведска, а последната титула ја освои во 2018 година.
AIK fans welcomed their team back to the first training session of the year in the only way they know how.pic.twitter.com/RvdHCf0kOK
— COPA90 (@Copa90) January 11, 2023
Imagine this level of support from your fans… 𝐚𝐭 𝐚 𝐭𝐫𝐚𝐢𝐧𝐢𝐧𝐠 𝐬𝐞𝐬𝐬𝐢𝐨𝐧 🤯🎇
🇸🇪 AIK supporters are on another level 👏
(via @dplus_sportSE) pic.twitter.com/kFboZlAjV0
— Eurosport (@eurosport) January 10, 2023