Звезда носи уште двајца играчи – едниот од Нов Зеланд, другиот од Холандија

183

Црвена Звезда оваа зима доведе тројца фудбалери, но тоа нема да биде крај на преодниот рок. По потписите на Урош Спајиќ, Лазар Николиќ и Питер Олајинка српскиот шампион во финишот на преодниот рок планира да ги донесе Марко Стамениќ од Копенхаген и Џошуа Бренет од Твенте.

Стамениќ е репрезентативец на Нов Зеланд, тој не сака да го продолжи договорот со данскиот клуб па се поизвесно е дека ќе се пресели во Белград. Toj има 20 години и е играч од средниот ред во кариерата играл за Вестерн Субурбс и Велингтон во Австралија. За Нов Зеланд има 11 настапи.

Бренет е 28-годишен лев бек, клубот не сака да се откаже од него. Тој е од Курасао, а има два настапи за Холандија, па доколку Звезда не успее да го донесе оваа зима ќе „нападне“ на лето. Бренет во кариерата играл за ПСВ, Хофенхајм и Витесе.

Во меѓувреме спортскиот директор на Звезда, Звездан Терзиќ откри дека пред заминувањето на екипата во Турција биле одбиени неколку понуди, меѓу кои и убава од Крила Совјетов за Кингс Кангва.

ПретходноAстон Вила купи лев офанзивен бек од Шпанија
СледноОбамејанг сега сака да се врати во Барселона