Македонската ракометна репрезентација ги пакува куферите за Краков, еден од градовите домаќини на Светското првенство кое стартуваше денеска. Селекторот Кирил Лазаров како што најави списокот за Мундијалот ќе го одреди денеска после пладне.
Од конечниот составот отпаднаа три имиња: Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски, иако не се на списокот, сепак тие ќе бидат на готовс доколку бидат потребни.
Лазаров на Мундијалот ќе смета на 18 ракометари, нивните имиња можете да ги прочитате во продожение.
Македонија на стартот на Светското првенство, поточно на 13. јануари ќе се сретне против Норвешка, два дена подоцна е мечот со Холандија, додека групната фаза ја завршува на 17 овој месец против Аргентина. Најдобрите три селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда, последнопласираната ќе игра Президент Куп.