Македонската ракометна репрезентација ја делат два дена до стартот на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат во Краков, се најдоа во група со Норвешка, Холандија и Аргентина. Мисијата за пласман во главната рунда е навистина тешка, а пред стартот на мундијалскиот предизвик, РФМ на вонреден состанок ги одреди премиите за пласман за поминување на групата.
Максималната премија која ракометарите можат да ја добијат е 60.000 евра, истата ќе ја поделат доколку групната фаза ја завршат со три победи. Доколку Македонија групната фаза ја заврши со две победи и секако завери пласман во главната рунда, премијата изнесува 45.000 евра. Една победа и пласман во главната рунда носат 30.000 евра.
Нашите ракометари за Краков патуваат утре, веќе следниот ден, на 13. јануари, го играат првиот меч, за противник ја имаат селекцијата на Норвешка. Оваа репрезентација е најголемиот фаворит во нашата група, но и покрај тоа вербата и мотивот никој не може да им го одземе на „црвено-жолтите“.