Шок на Сан Сиро, откако во рамките од 1/8 финалето на Купот на Италија тимот на Милан е елиминиран од страна на Торино со 0:1. Откако регуларниот дел од мечот заврши 0:0, во продолжението, поточно во 114 минута, Адопо со прецизерн удар од непосредна близина го доведе Торино во водство. И покрај тоа што гостите имаа играч помалку по исклучувањето на Џиџи, сепак, тоа не им пречеше да издржат до крај и да не примат гол.
Милан се обидуваше низ текот на целиот меч но комплетниот тим на Торино одигра одлично и заслужено оди во следната фаза. Таму, во 1/4 финалето ќе го чека противникот од дуелот Сампдорија и Фиорентина.
🗣️𝐆⚽𝐋 𝐃𝐄 𝐓𝐎𝐑𝐈𝐍𝐎‼️
👤 Michael Adopo ⏱️114'
Milan 0️⃣🆚1️⃣ Torino
🇮🇹 Copa Italia 🏆 pic.twitter.com/PHDSuRFjeT— El Forastero (@ElForadeportivo) January 11, 2023