Англискиот премиерлигаш Астон Вила го претстави новиот лев офанзивен бек Алекс Морено кој дојде од редовите на Бетис. Тој доаѓа на препорака на тренерот Унаи Емери, а договорот на фудбалерот со клубот од Бирмингем е до 2026 огдина.
Астон Вила за него ќе плати 13,5 милиони евра како и дополнителни 1,5 милиони евра во форма на бонуси. Toa e единственото засилување на тимот оваа зима, а младиот напаѓач Камерун Арчер е позајмен на Мидлсбро до крајот на сезоната.
Морено е поранешен фудбалер на Рајо Ваљекано и на Мајорка.