Meнаџерскиот тим го откупи договорот, па Јигитоглу се врати во Турција

452

Турскиот центар Самет Јигитоглу повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако неговиот менаџерски тим ја плати откупната клаузула предвидена во договорот и реши да го врати во Турција и тоа најверојатно во матичниот Бешикташ, од каде што и дојде во клубот од Аеродром.

Високиот центар кој има 18 години минатата сезона ја мина во втор тим, а летово доби шанса да се покаже и во најдобриот состав и тоа во АБА-лигата. Јигитоглу одигра неколку добри средби во регионалното натпреварување, пред се дуелите против Црвена Звезда во Белград (12 поени и 14 скока), СЦ Дерби во Скопје (13 поени и седум скока) и ФМП во Белград (15 поени и пет скока).

 

ПретходноДетонит ги стартуваа подготовките со двајца нови фудбалери
СледноВторолигашот Охрид го претстави Алтин Лога